167
Русија и Украина разменија по 195 воени заробеници, соопшти денес Министерството за одбрана на Русија.
Размената е направена денес.
Пред една недела Русија го обвини Киев дека соборил воен транспортен авион со украински воени заробеници што требало да го заменат за руски воени заробеници. Москва објави дека во летот имало 74 лица, меѓу кои 65 Украинци и дека сите загинале.
Украинските власти потврдија дека размената требало да се случи тој ден, но била откажана.