Москва очекува Вашингтон да преземе ефикасни чекори за спречување на политиката на Киев за зголемувањето на тензиите во југоисточна Украина, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Сепак, како што нагласи, Русија нема да разговара со Америка за прашањето на Украина, ниту на ниво на Министерството за надворешни работи, ниту на ниво на Министерството за одбрана.
Осврнувајќи се на неодамнешната изјава на портпаролот на Белата куќа Џен Псаки дека Америка „соработува“ со Русија на различни нивоа, како и дека неодамна се одржа состанок за прашањето на Украина на ниво на надворешна политика и одбрана, Рјабков рече дека тоа е не е вистина.
– Не можам да го наречам дезинформација, бидејќи можеби имало некои контакти на други нивоа, но ние секако не разговаравме на ниво на Министерството за надворешни работи, ниту на ниво на Министерството за одбрана – рече тој.
– Единствено што ни преостанува е да го повикаме Вашингтон да пристапи кон решавање на украинското прашање што е можно поодговорно со цел да се намалат тензиите – додаде Рјабков.