Во Русија треба да се создаде политички систем, кој ќе ги интегрира силната централна власт со силна социјална држава, бидејќи Русите сочувствуваат како кон монархијата, така и кон социјализмот.
Тоа го изјави протоиереј Всеволод Чаплин, шеф на Синодскиот одделот за врски на црквата со општеството.
“Државност, праведност и солидарност – тоа се трите вредности, на чија основа треба да се гради систем, обединувачка монархија и социјализам”, рече тој, цитиран од “Интерфакс”.
На тркалезната маса во Москва портпаролот на Московската Патријаршија објасни дека во контекст на симпатиите кон монархијата и социјализмот треба “да се наметне правото да имаме силна централна власт и социјална држава, ориентирани не само кон потребите на секој човек, туку кон неговото мислење, кон соборниот глас, кон колективниот разум “.
Чаплин тврди дека противењето против власта од страна на народот е идеја која е туѓа на Русите и им била наметната однадвор. “Единството на народот и власта е незамисливо без вера и токму поради тоа вредностите на верата се централни”, додаде тој.
И во минатото Чаплин говорел слични идеи – во јануари, тој објасни дека мисијата на руската цивилизација била да го спречи падот во светот и тоа не со економија, финансиски средства или оружје, туку да се осознае себеси како клучна цивилизација во светот.
По излегувањето на екранот на “Левијатан” на Алексеј Звјагинцев Чаплин коментираше дека во филмот, кој не им се допадна и на властите во Москва, се репродуцираат “митови за Русија” како водката, бруталниот државен систем и “најстрашната црква”.
