Русија исклучена од Советот на Европа

од Nikola Popovski
305 прегледи

Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членството во таа организација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Луиџи ди Мајо.

„Комитетот на министри на Советот на Европа, со кој претседава Италија, одлучи да ја исклучи Русија од своите редови, водејќи се од членот 8 од нејзината повелба. Италија го смета ова за неопходна мерка во светло на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што е сериозно кршење на меѓународното право“, рече Луиџи ди Мајо.

Претходно, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, објави дека Советот на Европа по иницијатива на неговата земја и Украина ја покренал процедурата за суспендирање на членството на Русија во таа организација.

Слични содржини