Русија издаде налог за апсење на новинарите на РАИ поради известување од областа Курск

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска ја осуди одлуката на Москва да издаде налог за апсење на двајца новинари на италијанската државна телевизија РАИ, поради нивното известување за украинскиот ненадеен напад во областа Курск во август.

Како што јави агенцијата Анса, рускиот суд во понеделникот нареди апсење во отсуство на новинарката Стефанија Батистини и нејзиниот снимател Симоне Треини поради „нелегално преминување“ на руската граница од Украина, за време на известувањето.

Рускиот суд побара и нивна екстрадиција.

„Рускиот налог за апсење на двајца новинари на РАИ е уште една форма на прогон на слободата на печатот“, напиша Тајани на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека „италијанската влада секогаш ќе го брани правото на независно известување“.

Поради известувањето од регионот Курск, Русија издаде налози за апсење на уште неколку дописници од западните земји.

Украинските сили контролираат голема област во регионот по ненадејниот напад на 6 август.

Слични содржини