Гори складиште за гориво во руската југозападна област Ростов по напад на украински беспилотни летала, изјави денеска регионалниот гувернер Василиј Голубев.
Нападот се случил во населбата Каменски и предизвикал пожар во складиште за гориво, напиша тој преку Телеграм, додавајќи дека нема повредени.
Пожарникарите се борат со пожарот, кој не ги загрозува станбените области, додаде тој.
Вториот пожар предизвикан од напад со дрон врз складиште за гориво во Ростовската област Пролетарск, на околу 200 километри од украинската граница, трае од 18 август, јавуваат локалните медиуми.
Најмалку 41 пожарникар се повредени при гаснењето на пожарот во Пролетарск, соопштија локалните власти.
Од почетокот на конфликтот во 2022 година, Киев постојано ги гаѓаше нафтените и гасните постројки во Русија, од кои некои се на стотици километри од границата, во, како што вели, само одмазда за нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.