195
Владата на Руската Федерација денеска ја вклучи Норвешка во списокот на земји кои вршат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва.
Со оваа одлука Норвешка е ограничена на 27 лица кои може да ги вработи во своите дипломатски претставништва на територијата на Русија, се вели во соопштението на руската влада.
Во мај 2021 година беа воведени ограничувања за дипломатските претставништва на САД и Чешка, а во јули 2022 година за дипломатските претставништва на Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.