Проруските сепаратисти ја обвинија Украина за гранатирање на пивара во окупираниот источен град Доњецк во средата, при што загина едно лице и предизвика истекување на амонијак, објави новинската агенција „Интерфакс“.
Министерството за вонредни ситуации на самопрогласената Република Доњецк соопшти дека доцна синоќа граната погодила цевка за амонијак, што предизвикало пожар кој во еден момент зафатил 600 квадратни метри, пренесе „Гардијан“.
Donetsk, Ukrainian forces hit the Donetsk Brewery pic.twitter.com/PyJ7xsrnjg
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) August 10, 2022
Снимката на „Ројтерс“ од местото на настанот покажува дека пламенот го осветлува небото над еден дел од градот, како и маскирани пожарникари. Се чини дека едно видео покажува тело на земја.
Рускиот државен медиум РТ објави, повикувајќи се на локални претставници на ДНР, дека „токсичниот гас погодил радиус од два километри околу фабриката“. Жителите беа предупредени да останат во своите домови и да не отвораат прозорци. Остриот мирис на амонијак се прошири низ Доњецк, јави агенцијата ТАСС, со предупредување дека вдишувањето на супстанцијата може да предизвика труење.
Big explosion reported in Kalininsky district of Donetsk https://t.co/KAfEC31MI1 #Ukraine pic.twitter.com/VbRmjWgKa6
— Liveuamap (@Liveuamap) August 10, 2022
Украинското министерство за одбрана сè уште не го коментира ова, наведе „Гардијан“.
Во меѓувреме, министерството за вонредни ситуации на ДНР денеска соопшти дека го спречило истекувањето на амонијак.
⚡️In Donetsk mass media report about an accident on an ammonia pipeline with an ammonia spill. https://t.co/H2fPw6sned pic.twitter.com/BVgVCxCNdX
— Flash (@Flash43191300) August 10, 2022
„Од 1 часот по полноќ е запрено истекувањето на амонијак во Доњецката пиварница“, соопшти Министерството на Телеграм.
Повеќе од 30 лица се наоѓале во фабрика во Доњецк за време на вчерашното гранатирање, при што еден од нив загинал, додека други двајца се повредени, додава Министерството.