Русија ја отфрли можноста за нуклеарни преговори со САД

од Nikola Popovski
36 прегледи

Поради позицијата на Вашингтон за проширување на НАТО, Русија ја отфрли можноста за нуклеарни преговори со САД, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, појаснувајќи го вчерашното соопштение од Кремљ.

– Не ја гледаме поентата во дијалогот со Вашингтон без почитување на основните интереси на Русија. Пред сè, тоа е проблемот со проширувањето на НАТО во постсоветскиот простор, што претставува закана за заедничката безбедност – додаде Захарова.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека Русија нема да разговара за потпишување нов договор со САД што ќе го замени договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје на двете страни, кој истекува во 2026 година.

Слични содржини