Русија ја прошири листата на „непријателски“ земји

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Руската влада го ажурираше списокот на земји кои, како што се наведува, „преземаат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва во странство“, а на списокот се додадени Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.

Како што е објавено на веб-страницата на руската влада, списокот не е конечен и може да се прошири, имајќи го предвид продолжувањето на „непријателските акции“ на странски држави насочени против руските претставништва во странство.

Покрај имињата на земјите, на списокот е и бројот на физички лица на територијата на Русија со кои амбасадите на тие земји и нивните конзуларни претставништва можат да склучуваат договори за работа.

Слични содржини