Русија ја задржа каматната стапка, рубљата зајакна

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Централната банка на Русија денеска соопшти дека ќе ја задржи референтната каматна стапка на 7,5 отсто годишно.

По оваа објава на Централната банка на Русија, рубљата продолжи да расте.

Еврото денеска беше поевтино од 88 рубљи, а доларот првпат од 6 април е под 80 рубљи, покажуваат податоците на Московската берза.

Аналитичарите анкетирани од РИА Новости очекуваа стапката да остане непроменета. Според нив, и покрај забавувањето на растот на цените ширум Русија, некои проинфлаторни фактори, вклучувајќи го и слабеењето на рубљата, не се манифестирале целосно.

Регулаторот на Централната банка на Русија посочи дека ќе ја разгледа можноста за зголемување на референтната каматна стапка во иднина доколку се зголеми ризикот од инфлација.

Централната банка на Русија очекува стапката на инфлација во 2023 година да биде меѓу 4,5 и 6,5 отсто.

Слични содржини