Русија ќе дава државјанства на украинските сирачиња

од Nikola Popovski
183 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша декрет со кој ќе се олесни доделувањето руско државјанство на украинските сираци или деца кои моментално се без старатели, особено во Донбас, регион во источна Украина, пишува британски „Guardian“.

– Зарем ова не е верзија за киднапирање? – напиша на Твитер Јулија Мендел, поранешна портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.