Русија ќе исплати над 100.000 евра на секое семејство на загинат војник

од Nikola Popovski
371 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин информира дека загуби трпи и руската армија.

„Наша должност е да ги поддржиме семејствата на загинатите и ранетите воени соборци кои се бореле за безбедноста на татковината, за нашиот народ, за народот на Русија“, рече рускиот претседател.

На сите членови на семејствата на војниците кои загинаа за време на специјалната операција во Украина ќе им биде исплатено осигурување предвидено со закон и еднократна отштета во износ од 7.421.000 рубљи (околу 63.000 евра).

„Ќе се исплати и месечен надоместок на секое семејство на умрените. Но, дополнително, сметам дека е неопходно да се одобрат дополнителни плаќања за секое семејство на загинат војник на Министерството за одбрана, војници и членови на други безбедносни структури кои учествуваат во операцијата во износ од 5.000.000 рубљи (околу 42.000 евра). “, рече Путин.

Тој додаде дека војниците кои биле ранети за време на операцијата ќе добијат осигурување и еднократна помош.

„Русите и Украинците се еден народ и никогаш нема да се откажам од тоа“, рече Путин.

Слични содржини