Русија ќе ја врати иконата што Додик му ја подари на Лавров

од Nikola Popovski
393 прегледи

Руските власти ќе ѝ ја предадат на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Москва, подарената икона од претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, која отвори низа прашања за нејзиното потекло, објавија медиумите во БиХ во четвртокот.

Амбасадорот на БиХ во Русија, Жељко Самаџија рече дека враќањето на иконата во БиХ преку дипломатски канали ќе биде организирано во наредните денови.

– Иконата подарок се враќа преку амбасадата со цел да се извршат потребните проверки. Се уште немаме за што да коментираме, рече амбасадорот Самарџија за телевизијата Н1.

Иконата со ликот на свети Никола, наводно позлатена и стара 300 години, Додик му ја подари на Лавров за време на неговата официјална посета на БиХ на 14 декември. Медиумите блиски до Додик обрнаа големо внимание на овој чин објавувајќи фотографија од задниот дел на иконата со восочен печат, докажувајќи дека таа е регистрирана во Украина како уметничко дело. Круговите на Додик ширеа информации дека иконата е пронајдена во Луганск во делот на Украина кој е под контрола на проруските сепаратисти.

Откако избувна скандалот, бидејќи никој не понуди објаснување од каде потекнува иконата на Додик, Украина испрати дипломатска нота до БиХ во која бараaт дополнителни информации.

Додик не зборуваше за скандалот седум дена, по што неговиот кабинет објави дека не е украдена, туку дека станува збор за семејно наследство. Тие не кажаа ништо за тоа како иконата всушност пристигнала во БиХ.

„Доколку Украина има докази дека станува збор за икона што е дел од украинското културно, религиозно и историско наследство, ве молиме информирајте ја амбасадата на кого и во кое време припаѓала иконата, дали е отуѓена, од кого, кога и каде и дали се наоѓа на која било листа на отуѓени предмети што ги бара Украина “, стои во белешката на Додик.

Слични содржини