Москва ќе ја заштити Белорусија и ќе ѝ помогне во случај ЕУ да воведе санкции против Минск, изјави директорот на одделот за меѓународна соработка во Министерството за надворешни работи на Русија, Дмитриј Биричевски.
„Ние ќе им помогнеме на нашите сојузници. Фактот дека Западот се подготвува против Белорусија предизвикува апсолутно негативни емоции затоа што, пред сè, потребно е да се спроведе истрага за тоа што се случило, па дури потоа да се види како ќе се реагира на тоа“, рече тој.
Биричевски истакна дека ставот на Москва е дека не треба да се преземаат импулсивни мерки.
Коментирајќи го прашањето за можни реципрочни мерки за можноста за воведување санкции кон Минск за транзит на рускиот гас, Биричевски рече дека Русија не може да реагира на мерките наметнати на друга земја, но секако ќе разговара за проблемот со Минск и ќе разгледа опции.