Руското Министерство за одбрана во понеделникот ја обвини Украина за обид за напад на нејзините бродови во Црното Море, што според него е закана за изгледите за договор за извоз на жито.
„Терористичките акции на режимот во Киев се закануваат со следно продолжување на договорот за жито по 18 мај оваа година“, се вели во соопштението на нивниот канал Телеграм.
Од друга страна, украинските трупи зазедоа позиции на источниот брег на реката Днепар во јужниот дел на Херсонската област, покажуваат извештаите.
Станува збор за регион кој е делумно под контрола на руските сили, така што преминувањето на реката може да се покаже како многу важно во идната украинска контраофанзива, наведува Би-Би-Си.