Руската вселенска агенција “Роскосмос” развива проект да се создаде база на Месечината, која ќе може да собере до 12 астронаути. Целта на објектот е главно научна, за експерименти и екстракција на минерали.
Проектот е само во почетните фази на развој, но уште отсега е јасно дека бројот на жителите на првата месечевата база нема да се повеќе од четворица. Според пресметките на научниците од “Роскосмос” оваа бројка ќе овозможи времетраење на првата експедиција од 30 деноноќија.
За таа цел е неопходно обезбедување на најмалку 20 кубни метри обем во објектот. Научниците веќе имаат голем број скици и планови на тест модели. Развиени се и компјутерски 3-D-модели.
Сеуште не е избрано место за градежништвото. Повеќето мислења сепак тежат кон регионот на Јужниот пол на Месечината. Идејата за изградба на Месечевата база, а во подоцнежна фаза и на Месечината полигон е дел од иницијативата на “Роскосмос” за детално истражување на земјиниот сателит.
Долгорочната цел е до средината на векот на Месечината да има научна база со 12-член екипаж, кој ќе располага со сите средства за запознавање на небесното тело.
