167
Русија ќе одржи парада за Денот на победата на 9 мај на Црвениот плоштад во Москва, но рано е да се каже дали ќе се одржи делот на авијацијата, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
„Подготовките за парадата се во тек и таа ќе се одржи“, изјави портпаролот на рускиот претседател, пренесе ТАСС.
Како што изјави Песков, „тоа ќе биде многу важен настан традиционален за 9 мај“.
Портпаролот на рускиот претседател одби да одговори на прашањето дали ќе се одржи воздушната парада.
„Се уште е рано за вакви најави“, објасни Песков.
Тој рече дека јавноста ќе биде навремено информирана, нагласувајќи дека се уште е рано да се зборува за различните компоненти на парадата.