268
Русија ќе ги „развие“ своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров.
„Шефовите на држави ја истакнаа важноста од зајакнувањето на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските воени постројки на нејзината територија“, се вели во заедничкото соопштение.
Русија има воена база во Киргистан која се состои од аеродром, поморски објект на езеро и неколку други објекти.
Путин го прими Џапаров пред утрешната воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија.
Претседателот на Киргистан е еден од ретките странски лидери кои ќе присуствуваат на парадата.