Русија купува опрема за разбивање на демонстрации

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Руската опозиција најави голем протест за поддршка на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални и ќе го објави датумот кога ќе се пријават 500.000 луѓе, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека приврзаниците на Навални, кои одржаа три протести во текот на зимата, кои руските власти ги прогласија за незаконски и ветија дека ќе ги разбијат, соопштија дека досега се пријавиле околу 370.000 лица за нови демонстрации.

44-годишниот Навални беше уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија, каде помина пет месеци во опоравување од наводното труење од нервен агенс за кое го обвинува Кремљ. Руските власти ги негираа обвинувањата.

Во март, Навални беше осуден на две и пол години затвор за кршење на условната казна за време на опоравувањето во Германија.

„Ројтерс“ исто така известува дека Русија објавила тендери за набавка на опрема за разбивање демонстрации и заштитна полициска опрема.

Тендерот на Министерството за внатрешни работи, објавен на 30 март, зборува за набавка на повеќе од 2.000 полициски комплети за борба против немирите, во вредност од околу 239 милиони руљби (3,15 милиони долари). Секој комплет вклучува панцир, шлем и штитници за нозе.

Министерството објави и тендери за набавка на 1.625 заштитни комплети, 200 шлемови и повеќе од 400 елеци отпорни на куршуми.

Слични содржини