Русија лансираше ракети од подморница во Црното Море

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Руска подморница во рамките на Црноморската флота истрела две крстосувачки ракети од типот „Калибар“ и погодила копнени цели во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„За време на специјалната воена операција, руската армија изврши уште еден напад со крстосувачки ракети врз украинската воена инфраструктура. Ракетите лансирани од подморница во Црноморската флота ги уништија поставените копнени цели во Украина“, наведува руското Министерство за одбрана во соопштението, пренесе ТАСС.

Кон крајот на минатиот месец, Москва за првпат потврди дека користела подморници за напади врз цели во Украина.

Слични содржини