Русија започна експериментална употреба на првиот во земјата широкоаголен телескоп за пребарување и следење на астероиди што претставуваат опасност за Земјата.
Телескопот е лоциран во сајанската опсерваторија на Институтот за сончево-земна физика од сибирската филијала на Руската академија на науките. Телескопот АЗТ-33 ВМ може за 30 секунди да ги добие податоците за небесно тело со големина околу 50 метри на растојание до 150 милиони километри. Ова овозможува да бидат забележани потенцијално опасни за Земјата небесни тела со големина на Тунгускиот метеорит долго пред да се доближат до земјата.
Во најнеповолното сценарио такви небесни тела може да долетаат до земјата околу еден месец по откривањето.