Вадим Суботин, заменик директор на Руската федерална служба за комуникации, информатички технологии и медиуми „Роскомнадзор“, не исклучува дека Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб може да се соочат со ограничувања доколку не ги исполнуваат условите на одделот за отстранување содржина што е забранета во Русија.
„Не исклучуваме дека доколку другите мрежи (покрај Твитер) го прекршат руското законодавство и не ги исполнат барањата на Роскомнадзор, ќе преземеме технички мерки“, рече Суботин.
Според него, во тек се процеси, поврзани со казни за отстранување на забранетата информација за бројни епизоди, поврзани со Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и Твитер.
„Изготвени се административни протоколи – едната линија е парична казна, а другата се технички мерки, како што можете да видите за Твитер: забавување, кое има за цел да ги принуди компаниите да ги почитуваат руските закони. Ова се паралелни процеси. Административните и техничките мерки се насочени кон принудување на платформите да ги почитуваат руските закони“, рече Вадим Суботин.
Тој не исклучил дека, доколку Твитер не започне да ги почитува руските закони, пристапот до него ќе биде целосно ограничен. Според него, одделот има технички можности да го стори тоа.
Претходно, Роскомнадзор донесе одлука да ја намали брзината на социјалната мрежа Твитер во Русија на 100 проценти мобилни и 50 проценти на стационарни уреди од 10 март, поради „злонамерно кршење на барањата на законот за отстранување содржина забранета во Руската Федерација “.