Русија: Можна посета на МААЕ на централата Запорожје на почетокот на септември

од Stefanija Kuzmanovska
103 прегледи

Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) би можела да ја посети нуклеарната централа Запорожје на почетокот на септември, изјави денеска рускиот постојан претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов.

„Рано е да се зборува за детали, сето тоа се многу чувствителни прашања, разговараме и ќе продолжиме да разговараме за модалитетите на мисијата, рутата, бројот на луѓе кои ќе бидат вклучени, колку долго ќе останат во објектот, за какви задачи се испратени таму“, рече Уљанов на онлајн брифингот, пренесува агенцијата ТАСС.

Како што рече Уљанов, во однос на времето на посетата, предвидувањата не се секогаш точни, но тоа може да се случи на почетокот на септември, освен ако не постојат некои „странски фактори“ кои немаат врска со целите и задачите на посетата на МААЕ.

Слични содржини