Руската влада ќе побара од претседателот Владимир Путин да го продолжи руските санкции како одговор на одлуката на Европската унија да продолжи санкциите против земјата до почетокот на следната година, пренесе агенцијата “Интерфакс” .
Русија воведе забрана за увоз на бројни намирници од земји од ЕУ, откако Западот воведе забрана за издавање визи и замрзнување на средствата на блиски до Путин поради улогата на Москва во кризата во Украина. Руските власти соопштија дека забраната ќе биде продолжена во согласност со одлуката на ЕУ.
“Интерфакс” соопшти дека премиерот Дмитриј Медведев побарал од својот заменик да подготви барање до Путин да се прошират “рестриктивните мерки” за уште шест месеци.
Медведев исто така наредил да биде изготвен владин декрет за создавање на листа на категории на производи, објекти на комерцијални трансакции, кои се предмет на руските санкции.
Минатата недела во интервју за Wall Street Journal претседателскиот советник Андреј Белусов изјави дека Русија и Западот постигнале “рамнотежа” по прашањето за санкциите. Според него руските контрасанкции нема да бидат проширувани.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин најави дека загубите на европските потрошувачи од санкциите против Русија можат да достигнат до 100 милијарди евра. Путин, исто така, рече дека прометот меѓу Русија и Европа е намален за речиси четвртина, додека со САД тој пораснал со 5.6%.
Москва постојано се закануваше дека ќе ги прошири санкциите против Западот. Ембаргото на храната беше воведено во почетокот на август минатата година
Претходно во понеделникот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија одлучија да ги прошират санкциите против Русија. Ограничувањата ќе бидат валидни до 31 јануари 2016 година Целта е да се натера Русија да го почитува договорот за примирје, потпишан со Украина во Минск во февруари, напиша портпаролката на ЕУ, Маја Кочијанчиќ на Твитер.
