Русија најавува РОБОТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА КОВИД 19: Не бара присуство на персонал!

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) најави робот-транспортер кој извршува 300 ковид тестови на час и не бара присуство на персонал, изјави денеска извршниот директор на Фондот, Кирил Дмитријев, на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

„Веруваме дека ова ќе биде клучно решение не само за Русија, туку и за другите земји – да се автоматизира правењето на тестови надвор од лабораторијата“, рече Дмитријев, пренесува Тасс.

За време на состанокот со Путин, Дмитријев исто така рече дека Индија и Јужна Кореја веќе го произведуваат Спутник V и дека многу од 20-те производители со кои Русија има договор во 10 земји ќе достигнат полн капацитет во април.

Слични содржини