Русија: Најголем број на новозаразени од 2 јануари

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Во Русија се регистрирани 25.766 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од 2 јануари, а од почетокот на пандемијата се потврдени вкупно 5.733.218 случаи на инфекција, соопшти денеска оперативниот штаб за борба против коронавирусот.

Уште 726 лица починаа од последиците на коронавирусот, пренесува „РИА Новости“.

Вкупно 141.501 лице починало во Русија од почетокот на пандемијата.

Слични содржини