Коментирајќи ја изјавата на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дека Русија е виновна за зголемениот глад на планетата, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека цените растат поради Западните санкции против Русија.
„Цените растат поради санкциите наметнати од колективниот Запад против Русија под притисок на САД. Тоа е ако зборуваме за директната причина. Неразбирањето на ова е знак или за глупост или намерна измама на јавноста“, напиша Захарова на Телеграм, пренесе Спутник.
„Распадот на Украина ги вклучува, меѓу другото, и претходниците на госпоѓа Бербок, кои не само што се мешаа во ситуацијата во таа земја, туку и ја моделираа внатрешната и надворешната политика на Украина“, посочи Захарова.