Договори за соработка во енергетиката, инвестициите, здравството и културата беа потпишани за време на посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев во Виетнам, пренесе ТАСС во понеделникот.
Државните “Гаспром нафта” и “Петровиетнам” потпишаа меморандум за проширување на соработката во областа на заедничкото истражување, развој и производство на нафта и гас во Печерското Море. Двете страни се согласиле да обезбедат инвестиции во нафтените проекти на територијата на Виетнам и на територијата на Русија. До крајот на октомври 2015 година ќе биде одредена листата на приоритетните наоѓалишта и ќе се усогласуваат основните услови за соработка за потпишување на обврзувачките договори.
Двете компании, исто така, ги потврдија основните услови за стекнување на “Газпром” на удел од 49 отсто од одобрениот капитал на рафинеријата “Биншон рефајнинг енд петрокемиклс” (Binh Son Refining and Petrochemical) и да инвестира во иста големина за идната модернизација на претпријатието.
Освен тоа руската “Интер РАО – Експорт” и виетнамски “Норт Пауер сервис” (North Power Service) се согласија за модернизација на термоелектраните на територијата на Виетнам.
Руските државни железници (РЖД) и Виетнамски железници исто потпишаа документ за соработка.
Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров потпиша со својот виетнамски колега Ву Хјуи Хоанг заедничка декларација за приоритетни инвестициски проекти. Во Ханој Медведев изрази уверување дека падот во прометот меѓу Русија и Виетнам е привремен и дека е можно тој да достигне 10 милијарди долари во 2020 година.
На прес-конференцијата по разговорите со виетнамскиот премиер Нгуен Тан Зунг рускиот премиер истакна дека во последните години трговската размена меѓу двете земји растеше со околу 20 проценти годишно. Минатата година имала некоја контракција на стоковата размена, но со привремен карактер, додаде Медведев.
Тој, исто така, дека ја разгледува можноста за составување на руски автомобили во Виетнам. Двете страни се согласиле да ги исполна планот од 17 инвестициски проекти, истакна тој.
Русија очекува наскоро да биде потпишан рамковен договор за изградба на нуклеарна централа во Виетнам, посочи Дмитриј Медведев. На средбата со виетнамскиот колега е дискутирано и за соработката во нафтениот и гасниот сектор.
Рускиот премиер истакна дека со нетрпение ја очекува посетата во Хошимин, каде ќе има средба на претставници на бизнис заедницата на Русија и Виетнам.
Тој истакна дека наскоро ќе биде потпишан договор за слободна трговија меѓу Виетнам и евроазиската економска унија. Виетнамскиот премиер изјави дека очекува договорот да биде потпишан во првата половина на 2015 година.
