Русија негативно го оценува новиот пакет американска воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Москва негативно го оцени новиот пакет американска воена помош за Украина, кој вклучува испорака на ракетни системи ХИМАРС.

Обидите на Вашингтон да претстави дека испораката на такво оружје содржи елементи на „самоограничување“ на Киев се несоодветни, изјави за РИА Новости заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој изјави дека руската страна смета дека испораката на системите во Украина е целосно негативна, а обидите да се прикаже одлуката како да содржи елемент на „самовоздржаност“ се бескорисни.