„Русија нема конкуренција во светот“: Путин тврди дека економијата на ЕУ е на нула, а еве и зошто

од Nikola Popovski
394 прегледи

Земјите од ЕУ се обидуваат целосно да ги напуштат руските енергетски ресурси, поради што целата нивна економија е на нула, изјавил рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на „Недела на руската енергија“.

„Европските земји се обидуваат да ги напуштат нашите енергетски ресурси кои со години ја обезбедуваа економската и социјалната благосостојба на Европската унија… Воведени се ограничувања на банкарските услуги, транспортот на стоки, осигурувањето, воспоставени се таканаречени ценовни лимити за нашата нафта и гас“, рекол Путин.

Тој зборувал за ефектот на овие одлуки врз самите европски земји.

„Тие сега плаќаат многу повисоки цени за снабдување со нафта, нафтени деривати и гас, а како резултат на тоа, економијата на ЕУ е на нула“, нагласил Путин, пренесува РИА Новости.

Според него, руската нуклеарна индустрија практично нема конкуренција во светот.

„Руското инженерско училиште за изградба и одржување на нуклеарни постројки не само што е силно, туку практично нема конкуренција на глобално ниво. Специјалистите на Росатом истовремено градат 22 блока во странство. Тоа е приближно 80 отсто од светскиот пазар“, соопштил рускиот претседател.

Главен приоритет во енергетскиот комплекс е обезбедувањето на националниот пазар, посочил Путин и додал дека Руската Федерација ќе ги зголеми своите капацитети.

Тој истакнал дека светската економија постепено се движи кон мултиполарен модел од повеќе центри за раст, а местото, улогата и важноста на секоја земја зависи од тоа како таа ги доживува овие длабоки и неповратни процеси.