Русија објави: Несреќата со А321 е поради предавството на египетските тајни служби!

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Висок државен службеник, кој побарал да биде  анонимен  споделил пред “Комерсант” дека причината за несреќата на рускиот патнички авион А321 е “предавство на египетските тајни служби”, кои премолчеле некои сознанија.

20151110.fqcxgekgwm

Од пред неколку дена се инсинуираат  различни информации во руските медиуми дека варијанта за терористички акт не е исклучена и дека  на тоа се смета  и од страна на надлежните органи. Ова беше потврдено и од премиерот Дмитриј Медведев. Западни експерти го коментираа тоа со “подготовка на јавното мислење во земјата за варијантата дека сепак несеќата е терористички акт”.  Засега сеуште официјално не се признава дека терористичкиот напад е причина за смртта на 224 лица кои се наоѓаа во патничкиот авион и истрагата се уште не се води за можен терористички чин. Но мислењето на руски високи функционери веќе е различно и веќе причината се поврзува  со неуспехот на тајни служби на Египет. Неофицијално се вели дека инспекторите веќе ги проверуваат и информациите дека на летот на А321 биле инфилтрирани  други лица пред летот.