Русија очекува Спутник V да се регистрира во 25 земји до крајот на неделава

од Nikola Popovski
213 прегледи

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) очекува Спутник V да биде регистриран во 25 земји до крајот на оваа недела, изјави претседателот на РДИФ, Кирил Дмитриев за „Русија-1“.

„До крајот на неделава очекуваме 25 регулатори или 25 земји да ја одобрат нашата вакцина (Спутник V)“, рече Дмитриев.

Тој додаде дека руската вакцина досега е одобрена од 19 регулатори.

Списанието „Лансет“ минатиот вторник ги објави резултатите од третата фаза од клиничкото испитување на „Спутник В“. Според нив, вакцината е 91,6 проценти ефикасна кај симптоматските форми на Ковид-19.

„Производството на Спутник V е критикувано за неговата брзина, желба за непосредни резултати и недостаток на транспарентност. Но, резултатите објавени овде се јасни и докажана е научната основа на вакцината“, велат двајцата британски експерти, професорите Јан Џонс и Поли Рој.

Ова „значи дека има друга вакцина во борбата за намалување на инциденцата на Ковид-19“, велат оние експерти кои не учествувале во студијата.

Овие први потврдени резултати за ефикасноста на вакцината ги потврдуваат првичните тврдења на Русија, кои оваа есен беа исполнети со недоверба од меѓународната научна заедница.

Во последните неколку недели во Европа се слушаа повици до Европската агенција за лекови (ЕМА) да започне процес на одобрување на Спутник V, што веќе се спроведува во Русија и некои други земји, како што се Србија, Аргентина и Алжир.

Резултатите објавени во „Лансет“ се добиени во последната, трета фаза од клиничките испитувања на вакцината во која учествувале скоро 20.000 испитаници.

Слични содржини