Русија одговори на протерувањето на руските дипломати: Неправедно и непријателски

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Руското Министерството за надворешни работи денес ја нарече „неправедна и непријателска“ одлуката на Германија, Полска и Шведска за протерување руски дипломати од тие земји.

Германија, Шведска и Полска протераа тројца руски дипломати како одмазда за одлуката на Русија минатата недела да протераат тројца дипломати на Европската унија.

Русија во петокот протера дипломати од Германија, Полска и Шведска затоа што, како што велат, присуствувале на нелегални митинзи за поддршка на уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални.

Слични содржини