Русија одобри безвизен влез на граѓаните на БиХ

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Со одлука на Владата на Русија, Босна и Херцеговина е вклучена во списокот од 20 земји чии граѓани можат да влезат во Русија без визи со директни летови, соопшти денеска руската амбасада во БиХ.

Според амбасадата, со одлука на руската влада од 14 април, граѓаните на БиХ можат да влезат во Русија по воздушен пат без визи, под услов вкупниот престој да не надминува 30 дена во рок од 60 дена од денот на првото влегување.

Во други случаи, потребна е виза.

Слични содржини