Русија одобри испитување на третата фаза на вакцината „КовиВак“: Ќе учествуваат 32.000 волонтери

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Министерството за здравство на Русија издаде дозвола за спроведување на испитувања по регистрацијата на вакцината против коронавирус „КовиВак“, а превентивната ефикасност и имуногеноста ќе се проучуваат на 32.000 пациенти, пренесува „Спутник“ врз основа на податоците од регистарот на дозволи за спроведување на клинички испитувања на Министерството за здравство.

Во регистарот се наведува дека целта на клиничкото испитување е да се процени превентивната ефикасност и имуногеност и безбедност на вакцината „КовиВак“ кај здрави волонтери на возраст од 18 до 60 години.

Истражувањето ќе се спроведе врз основа на 16 медицински организации, а вакцината ќе се проучува на 32.000 волонтери, се додава во соопштението.

Испитувањето за вакцини се очекува да заврши до 30 декември следната година.

Слични содржини