Русија одобри влез на 1.000 бегалци од Авганистан

од Nikola Popovski
257 прегледи

Русија одобри околу 1.000 луѓе да влезат во земјата од Авганистан откако таа беше преземена од Талибанците, пренесе агенцијата РИА Новости.

Како што е наведено, тој број вклучува луѓе кои имаат руски пасош, оние со право на постојан престој и студенти на руски универзитети.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Русија објави дека започнало со евакуација на повеќе од 500 луѓе од Авганистан, меѓу кои државјани на Русија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан и Украина.

Вчера, на состанокот на неговата владејачка партија Единствена Русија, претседателот Владимир Путин рече дека ситуацијата во Авганистан е „тешка и алармантна“ и дека неговата влада „внимателно ја следи ситуацијата“.

Слични содржини