Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот го потпиша законот со кој официјално се потврдува повлекувањето на Русија од Договорот за отворено небо, меѓународен договор што дозволува невооружени летови за набљудување над териториите на земјите потписнички.
Иако Русија се надеваше дека Путин и американскиот претседател Џо Бајден ќе можат да разговараат за своите ставови во врска со договорот на состанокот во Женева овој месец, администрацијата на Бајден во мај ја извести Москва дека нема повторно да го склучува договорот откако Доналд Трамп ги повлече САД од него минатата година, пренесува Хина.
Кремљ соопшти дека одлуката на САД да се повлечат од договорот „сериозно ја нарушила рамнотежата на интересите“ меѓу потписниците и со тоа ја принудиле и Русија да се повлече.
„Ова му нанесе сериозна штета на почитувањето на Договорот и неговата важност во градењето доверба и транспарентност, (предизвикувајќи) закана за националната безбедност на Русија“, соопшти Кремљ во понеделникот преку својата веб-страница.