Русија осуетила диверзантски напад во Курската област

Нападот во регионот Курск е последен во серијата обиди на украинската армија да ја премине руската граница во последните неколку дена.

од Бети Божиноска
184 прегледи

Руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале 11 украински беспилотни летала над регионот Курск и осуетиле обид на украинските сили да ја пробијат границата, објави утринава гувернерот Роман Старовојт.

Во видео објавено на „Телеграм“ Старовојт тврди дека поминале немирна ноќ во регионот кој бил под масовен напад со дронови. Тој истакна дека заканата од ракетни напади во Курск останува, бидејќи селото Тјоткино, кое се наоѓа на само 2 км руско-украинската граница, сè уште е гранатирано од трупите на Киев.

Старовојт извести дека во селото е повредено едно лице, на кое му била укажана лекарска помош.и апелираше до жителите да останат во домовите и да стојат подалеку од прозорците, сокриени во своите бањи или плакари.

Во меѓувреме, каналот WarGonzo на „Телеграм“ известо дека група од неколку украински војници со поддршка на тенкови се обиделе да влезат во Курскиот регион близу Тјоткино, но наишле на отпор кај руските сили и на крај биле принудени да се повлечат.

Каналот „База“ на „Телеграм“ сподели видео снимено од локалните жители на кое се гледа битката во близина на Тјоткино, но авнтентичноста на видеото се уште не е потврдена.

Руското Министерство за одбрана ги потврди обидите на трупите на Киев за пробив во регионите Курск и Белгород, известувајќи дека руските сили заедно со федералните гранични служби ги одбиле нападот.

Нападот во регионот Курск е последен во серијата обиди на украинската армија да ја премине руската граница во последните неколку дена.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави денеска дека во своите неуспешни обиди да влезе во регионите на Курск и Белгород од 10 март, Киев изгубил повеќе од 100 војници, шест тенка, француски артилериски систем „цезар“ и 20 оклопни возила

Слични содржини