Русија отпиша африкански долгови во вредност од 20 милијарди долари

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Русија им ги отпиша долговите на африканските земји во износ од 20 милијарди долари, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија и специјален пратеник на претседателот Владимир Путин за Блискиот Исток и Африка, Михаил Богданов.

Според него, споменатите средства, меѓу другото, биле пренасочени за рефинансирање на развојни проекти во африканските земји, пренесува ТАСС.

-На тој начин долговите се користат за директно спроведување на социо-економски проекти во африканските земји, додаде Богданов.

Слични содржини