207
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека отвора два поморски хуманитарни коридора за излез на странски бродови од пристаништата на Црното и Азовското Море.
Коридорите ќе бидат отворени секој ден од 8 до 19 часот по московско време, изјави шефот на Националниот центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев.
Михаил Мизинцев наведува дека во Црното Море ќе се отвори коридор долг 80 милји и широк 3 милји за излез од пристаништата Херсон, Николаев, Черноморск, Очаков, Одеса и југ, во правец на југозапад од територијалното море на Украина, пренесува „Интерфакс“.