Владата на Русија планира да ги прошири санкциите против Турција, соопштува “Коммерсант”. Проектот на Уредбата за дополнување на нови санкции бил подготвен од Министерството за економија на Русија и е предаден на Владата, по налог на премиерот Дмитриј Медведев во рамките на “специјалните економски мерки” во однос на Турција.
На овој начин санкциите против Турција од страна на Русија може да бидат проширени и да влијаат исто во сферите на хотелскиот бизнис, дрво, обука на пилотите, како и државните нарачки во многу индустрии. Со новата уредба ќе се воведат листа на видовите на услуги кои се забрануваат на територијата на Русија за организации, кои се наоѓаат под јурисдикција на Турција. Поточно станува збор за увоз на градежни услуги, туристички и хотелски услуги, а исто така и за дрвопреработувачка и обука на цивилен персонал за руските авиокомпании во Турција. Еден од федералните чиновници, кои имаат врска со проектот, соопштил за изданието дека ограничувањата ќе бидат поврзани само со новите договори, овие кои се склучени до 10 декември, и ќе бидат легални. За во иднина за некои турски компании кои имаат бизнис во Русија, може да биде направено исклучок. “Ние не мислиме да си пресекуваме ниту рацете ниту нозете, санкциите се ориентирани кон тоа да нанесат минимална штета на руската економија”, рече тој.