Русија: Погодивме воени цели во Л’вов со крстосувачки ракети

од Nikola Popovski
274 прегледи

Руското Министерство за одбрана го објави вчерашниот ракетен напад врз Л’вов, град на крајниот запад на Украина.

Русите рекоа дека „погодиле воени цели во Л’вов со прецизни крстосувачки ракети“. Министерството наведува дека бил погоден магацинот за гориво кај Л’вов, кој го користела украинската армија. Покрај тоа, тие тврдат дека погодиле фабрика во градот каде што Украинците ги поправале своите системи за противвоздушна одбрана, радари и тенкови.

„Вооружените сили на Руската Федерација ќе продолжат со офанзивните операции во согласност со специјалната воена операција“, се вели во соопштението.

Во соопштението на руското Министерство се наведува и дека ракетите со долг дострел истрелани од морето го уништиле арсеналот ракети С-300 и системот за противвоздушна одбрана БУК во близина на Киев.

Руските сили уништија и неколку беспилотни летала, се вели во соопштението.

Слични содржини