442
Украина вчера истрелала 15 крстосувачки ракети врз бродоградилиште во градот Керч, на источниот брег на полуостровот Крим, анектиран од Русија.
Руското министерство за одбрана денеска потврди дека ракетите оштетиле брод, а погодено е и пристаништето, но не наведе детали.
Системите за противвоздушна одбрана соборија 13 крстосувачки ракети лансирани кон бродоградилиштето во градот Керч, се наведува во соопштението на руското МО.
Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, синоќа изјави дека во бродоградилиштето е стациониран ракетниот носач Калибар и им се заблагодари на пилотите за „успешните“ напади.