219
Во Русија е покрената кривична постапка за нападот на новинарката Јелена Милашина и адвокатот Александар Немов во Чеченија.
Како што е објавено на Телеграм каналот на Истражниот комитет на Руската Федерација (ТФР), тоа дело е оквалификувано како намерно нанесување телесна повреда.
Во соопштението се наведува дека истражната група во моментов спроведува серија истраги „со цел да се идентификуваат инволвираните во тоа злосторство и да се разјаснат сите околности на инцидентот“, пренесува „Интерфакс“.