Мнозинството Американци сметаат дека Русија е најголемиот непријател на САД, покажуваат резултатите од анкетата на Галуп. Осумнаесет проценти од испитаниците од Јенките сметаат дека Русија е непријател на нивната земја, што е двапати повеќе од изминатите години.
По Русија, 15 проценти гласале за Северна Кореја, 12 за Кина, 9 за Иран и 8 за Ирак. Руската воена моќ се смета за критична закана за САД од 49 проценти додека минатата година истиот страв беше 32.%. Пред три години ставот кон Русија беше повеќе позитивен отколку негативен. Сега позитивен став кон Москва имаат само 24 проценти, а 70 проценти искажуваат силно негативен став кон Москва и Русите.
