Русија повторно се заканува: Ќе ја избришеме Британија од картата, тоа ќе им биде крајот

од Stefanija Kuzmanovska
834 прегледи

Од почетокот на инвазијата на Украина, руските национални телевизии во принцип им служеа на Путин и неговите пропагандисти да го убедат народот дека „специјалната воена акција“ се одвива според планот, дека на Русија ѝ нема рамна во светот, дека можат да ги збришат земји од лицето на планетата…

Тие им се заканија на речиси сите во западниот свет. Од „мали“ играчи како балтичките држави, па се до САД, Франција, Велика Британија… Своите способности за закани и застрашувачки изјави деновиве ги покажа и Путиновиот генерал-полковник Евгениј Бужински.

– Овие луѓе изгледа не разбираат дека Британија физички ќе престане да постои во случај на конфликт со нас. Островот ќе исчезне. Ќе го избришеме од картата. Не знам каде ќе живеат нивните потомци – реагираше веднаш остро Бужински по изјавите на Британија дека „треба да бидат подготвени за потенцијален конфликт со Русија“.

Тој веднаш продолжи:

– Сакаат да го блокираат Калининград и на тој начин ни се закануваат. Путин треба да реагира. Сакаат да ни го одземат на крајот. Тоа е нивната цел. Тој требаше да се откаже од договор од раните 90-ти околу границите. А потоа и да ги преземе потребните воени акции. Треба да ја зајакнеме нашата позиција во тој дел од Европа – наведе Бужински, пренесува „Дејли Стар“.

Овој пензиониран генерал вели и дека Америка треба да се предупреди, прво дискретно, „дека си игра со оган“. Ако ова предупредување не функционира, тогаш, според Бужински, светот не ѝ остава избор на Русија.

– Светот ќе ја почувствува нашата сила – рече тој, а на прашањето на водителот „Дали ова значи војна со НАТО“ тој брзо одговори:

– Да! Што друго можеме да направиме. Во спротивно ќе се обидат да не „задушат“.

Слични содржини