Русија: Продолжуваме да гаѓаме цели во пристаништата Одеса и Николаев

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека продолжило да погодува цели во црноморските пристаништа Одеса и Николаев, неколку дена откако Москва се повлече од продолжувањето на договорот за жито.

„Инфраструктурата за складирање гориво и муниција на вооружените сили на Украина е уништена во областа на градот Николаев“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува „Ројтерс“.

Гувернерот на областа Николаев, Виталиј Ким, претходно објави дека во Николаев се ранети 19 лица и дека се оштетени неколку станбени згради.

Слични содржини