222
Русија прогласи 14 бугарски дипломати за персона нон грата, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи.
Како што е наведено, амбасадорот на Бугарија во Москва, Атанас Крастин, денеска бил поканет во руското министерство за надворешни работи, каде му била врачена нота во која 14 вработени во дипломатско-конзуларните претставништва на Бугарија во Русија се прогласени за „персона нон грата“.
На почетокот на летото, Бугарија протера 70 членови на руската дипломатска мисија поради загриженост дека извршиле шпионажа и го ограничи бројот на претставници на Москва во земјата, пренесува „Ројтерс“.