Русија протера 45 полски дипломати како одговор на Варшава

од Nikola Popovski
253 прегледи

Москва одговари на протерувањето руски дипломати од Полска со прогласување на 45 полски дипломати за непожелни лица, кои ќе мора да ја напуштат земјата до 13 април, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на непријателскиот чин на Полска за протерување руски дипломати по принципот на реципроцитет, 45 вработени во полската амбасада и генералните конзулати во Иркутск, Калининград и Санкт Петербург се прогласени за непожелни“, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека амбасадорот на Полска во Москва, Кшиштоф Крајевски, кој денеска бил поканет на плоштадот Смоленски, изразил силен протест против протерувањето на 45 руски дипломати од Полска на 23 март, пренесе ТАСС.

„На амбасадорот му беше кажано дека Русија го смета таквиот чекор за потврда на желбата на Варшава конечно да ги уништи билатералните односи. Одговорноста за тоа е целосно на полска страна“, соопшти тамошното Министерство.